ноември 22, 2024

Френки Де Јонг, заминува од Барселона во јануари?!

Холандскиот фудбалер, Френки Де Јонг,  изминатово лето имаше огромни понуди од Манчестер јунајтед и Челси да направи трансфер, но тој сакаше да остане во клубот.

Претседателот на Каталонците, Жоан Лапорта и тренерот Чави постојано изјавуваа дека Де Јонг не е на продажба и дека сериозно сметат на неговите услуги. Реалноста е малку поинаква, бидејќи холанѓанецот сезонава е првотимец само на помалку важните натпревари. На дербијата влегуваше од клупата.

Тоа сериозно му смета на Де Јонг, кој играше само 30 минути против Интер во ремито 3-3, а исто така и против Баерн Минхен, но и Севилја во Ла Лига. Беше стартер два пати против Викторија Плзењ и против Елче во ЛШ. Очигледно е дека Чави не го гледа како стартер, што значи дека фудбалерот од средниот ред можно е да побара трансфер во јануарскиот преоден рок.

Read Previous

Маричиќ: Секоја институција има обврска да штеди струја

Read Next

Панелот на Претставничкиот дом на САД гласаше Трамп да сведочи за немирите на 6 јануари