„Во врска со наводите изнесени од страна на претседателката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација , Весна Бендевска ве информираме дека Министерството за правда нема никаква надлежност да врши надзор над работата на здруженијата. Согласно член 58 од Законот за здруженија и фондации“, велат од министерството за правда, и додаваат:
„Министерството за правда единствено е надлежно да врши надзор на законитоста на примената на одредбите од законот. Министерството за правда нема дадено согласност за употреба на името ,,Иван Михајлов”. Во однос на постапката за регистрација на здружението ,,Иван Михајлов‘‘, до Министерството за правда на ден 27.02.2019 година доставено е барање за давање на согласност за регистрација во Централен регистар. Министерството за правда со допис од 05.03.2019 година достави одговор на барањето со кое се известува подносителот дека согласно член 9 став (1) од Законот за здруженија и фондации Министерството за правда издава одобрение за употреба на зборот ‘‘Македонија‘‘, зборовите изведени од него, како и неговите кратенки, за употреба во името на организацијата.
Со оглед на тоа дека во називот на здружението – Културен центар Иван Михајлов, кое било во постапка и регистрирање во Централниот регистар на Република Северна Македонија, содржано е името на историска личност, а земен e предвид фактот дека не постои регистар на историски личности или било кој друг документ со кој може да се утврди статусот на историската личност, Министерството за правда не издаде одобрение за употреба на името ,,Иван Михајлов‘‘ во името на здружението. Известувањето дека не може да се даде согласност, значи дека нема одобрение од страна на Министерството за правда.