ноември 23, 2024

Седумнаесет членови на исто семејство загинаа во опожарен автобус во Пакистан

Пожар избувна во автобус во Пакистан предизвикан од дефект на електричната инсталација во клима-уредот на возилото, при што загинаа 17 лица, од кои десетина деца.

-Со автобусот патувале членови на пошироко семејство од Карачи до нивниот град Хаипур Натан Шаџ во провинцијата Синд, изјави провинцискиот министер за информации Шарџил Мемон.

Станува збор за семејство што во август се преселило во Карачи, по поплавите што го зафатија нивниот град и повеќе области на Пакистан во кои загинаа повеќе од две илјади лица.

-Во пожарот целосно изгоре возилото, а некои од телата се јагленисани до непрепознатливост, изјави претставник на локалната полиција Џавед Балоч.

Лошите патишта, слабо одржуваните возила и супстандардниот безбедносен режим предизвикуваат бројни несреќи во Пакистан секоја година, што резултира со илјадници смртни случаи, покажуваат владините статистики.

Read Previous

НАТО го поздравува повикот на ОН светот да не ги признава украинските територии како дел од Русија

Read Next

Петровска во Брисел на состаноци на Северноатлантскиот совет на НАТО и средби со министри на сојузничките земји