ноември 23, 2024

Директорот на Македонски железници Вејсели се сретна со директорот на Турските железници Уфук Јалчин

Директорот на Железници на Република Северна Македонија, Мајан Вејсели, оствари средба со генералниот директор на Државните железници на Република Турција, Уфук Јалчин.

Вејсели на својот профил на социјалните мрежи сподели за средбата: „Денеска имав чест да се сретнам со генералниот директор на Турски железници, г.Уфук Јалчин“, напиша тој.

Вејсели додаде: „Многу скоро се очекува од железници на Република Турција да се снабдеме со воз за превоз на патници, кој ќе го пуштиме во употреба на линијата Скопје – Тетово – Гостивар – Кичево“, изјави тој.

Вејсели изјави дека на средбата се разговарало за следните теми:

– обезбедување на две локомотиви (донација или изнајмување)

– поправка на некои локомотиви

– Истанбул – Солун – Скопје и обратно проект за превоз на патници.

Read Previous

Нафтата минатата седмица поскапе за повеќе од десет проценти

Read Next

Пендаровски ќе се сретне со претседателката на швајцарскиот Национален совет на Федералниот парламент