Претседателот Стево Пендаровски денеска попладне ќе има средба со претседателката на Националниот совет на Федералниот парламент на Швајцарија, Ирене Келин, која е во посета на земјава.
Келин, денеска ќе има обраќање пред пратениците во Собранието, а претходно, по церемонијата на свечен пречек, како што е најавено, таа ќе има тет-а-тет средба со собранискиот претседател Талат Џафери.
Предвидени се средби на претседателката на Националниот совет на Федералниот парламент на Швајцарската Конфедерација и со Арбер Адеми, претседател на Комисијата за европски прашања и членовите на Комисијата, како и со Лолита Ристова, претседателка на Клубот на пратенички.