ноември 25, 2024

Борел: Европската политичка заедница испраќа сигнал за изолација на Русија

Лидерите на 44 европски земји денеска во Прага ќе испратат јасен сигнал за изолација на Русија и ќе се обидат да создадат нов поредок без Москва, изјави шефот за надворешна политика на Европската унија Жозеп Борел.

„Средбата бара нов поредок без Русија“, изјави тој за новинарите во Прага. Инаку, главна цел на Европската политичка заедница, е да се спроведе политичка дискусија за стратешки прашања од заеднички интерес за европскиот континент, велат од ЕУ, додавајќи дека меѓу главните теми ќе бидат војната во Украина, енергетската криза и економската ситуација во Европа.

Read Previous

Мицкоски: Кога јас бев директор, имавме најевтина струја

Read Next

ПСЖ му нуди на Меси да потпише нов договор според шемата 1+1