мај 4, 2024

Зеленски: Путин знае дека нема да остане жив по руски нуклеарен напад врз Украина

Зборувајќи со претставници на меѓународниот истражувачки центар од Сиднеј, Зеленски преку видео врска рече дека на Русите им е „тешко да контролираат сè што се случува во нивната земја, исто како што не контролираат сè што имаат на бојното поле“.

Зеленски, исто така, рече дека Путин разбира дека „светот никогаш нема да му прости“ доколку се одлучи на нуклеарен напад.

„Тој разбира дека по употребата на нуклеарно оружје, повеќе нема да може да си го спаси животот, убеден сум во тоа“, рече Зеленски.

Украинската војска во последниве денови повторно зазеде делови од територијата анектирана од Русија минатата недела, а Путин предупреди дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за да ја спречи Украина да ја врати контролата врз областите.

Read Previous

Вулин: Ќе го зголемиме бројот на луѓе на границата со Северна Македонија

Read Next

Сијарто: Заеднички ќе ја браниме границата на Србија и Северна Македонија