ноември 23, 2024

Пратеникот Зеќир Рамчиловиќ амбасадор во Црна Гора, а актуелниот директор на АНБ, Виктор Димовски амбасадор во Париз 

Министерот Бујар Османи на брифингот во МНР соопшти 4 амбасадорски имиња.

Нови амбасадори се Цуфи Исмаили во Брисел, во Анкара заминува поранешниот министер за одбрана и екс лидер на ЛДП Јово Манасиевски.

Актуелниот директор на тајната служба АНБ Виктор Димовски ќе биде амбасадор во Париз, Франција. 

Предлогот беше познат од порано, а ќе треба да се избере нов директор на Агенцијата за национална безбедност.

Ново име на листата е пратеникот Зекир Рамчиловиќ кој е избран за амбасадор во Подгорица, Црна Гора.

Read Previous

Еве какво време не очекува викендов 

Read Next

Најмалку седум загинати во поплавите во Италија