Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во сабота ќе има промена на времето кога ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во недела во претпладневните часови ќе има повремен локален дожд и ќе дува силен северен ветер кој ќе услови пад на дневните температури.
Од понеделник ќе има позначително опаѓање и на утринските и на дневните температури.