Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес, во Скопје, одржа средба со пратеникот и претседавач на Комитетот за Европската Унија во германскиот Бундестаг, Антон Хофрајтер.
Двајцата соговорници констатираа дека Германија е клучен политички партнер на Северна Македонија, кој и натаму ќе не поддржува во реформските напори кои ги преземаат институциите во нашата држава со цел брз напредок при пристапните преговори со Европската Унија.
Хофрајтер ја повтори заложбата дека Германија ќе продолжи и во иднина со сиот свој политички и институционален капацитет да ја поддржува Северна Македонија на патот кон полноправно членство во ЕУ.