-Никој не сака да ми биде портпарол, на овој начин одговори градоначалничката Данела Арсовска на прашањето на порталот СДК.мк, за нетранспарентноста на градоначалничката кон новинарите. Често пати се случува новинарите да бараат одговори за одредени теми, но ретко ги добиваат. Арсовска, како што пишува СДК.мк не се јавува на телефон ниту одговара на смс пораки.
-Па никој не сака да биде портпарол. Еве ајде дојдете вие бидете портпарол на Градот“, им рече Арсовска вчера на новинарите што ја следеа прес конференцијата на разрешениот директор на Водовод.