Американската ЦИА ја смести Македонија на 42 место во светот меѓу 229 жители според стапката на смртност.
Според листата на ЦИА, убедливо на прво место во светот по стапка на смртност е Србија со коефициент 16,39.
Во првите десет места, покрај Србија, се и Романија, Литванија, Летонија, Бугарија, Украина, Русија, Естонија, Белорусија и Хрватска.
Сите овие држави се од Европа, па затоа истата група ги зазема првите десет позиции и на листата на европски земји со најголема смртност.
Од земјите од поранешните југословенски простори Хрватска е на 10 место, Словенија е 28, Црна Гора 30, а Босна и Херцеговина е 32. Според ЦИА, во Македонија умреле 9,2 на 1000 жители, што се пресметува како просечен годишен број на смртни случаи на 1.000 жители на средината на годината.
Сепак, според последните податоци на Државниот завод за статистика само од почетокот на годинава до сега Македонија има 12.187 што е некаде околу 6,5 смртни случаи на 1000 жители за 6 месеци.
Македонија лани имаше најцрна година во својата историја. За 12 месеци починаа дури 28.516 луѓе или 3.500 повеќе од 2020 година. Ако се земе предвид дека до 2019 во Македонија во Македонија умреа околу 20.000 лица, ланските бројки покажуваат неверојатен скок на смртноста за над 40%.