Јапонските власти истражуваат можна вклученост на проруска хакерска група во кибер-нападот на повеќе официјални владини веб-страници, соопшти главниот секретар Хироказу Мацуно.
Тој додаде дека повеќе од 20 интернет-страници на четири јапонски министерства вчера не биле достапни, за повторно да бидат оспособени во текот на денот.
Јапонската Влада не идентификувала истекување на податоци, но истражува дали прекинот е последица на напад на одбивање на услуга (DDoS).
Проруската група „Kilnet” преку социјалните мрежи презеде одговорност за нападот.
„Свесни сме дека хакерската група (Килнет) ја презеде одговорноста за нападот, но во моментов сè уште ја истражуваме причината за испадот, разгледувајќи ја и опцијата истата да не е вмешана“, рече Мацуно на брифингот пред медиумите.