ноември 23, 2024

Пендаровски – Столтенберг: НАТО да продолжи со поддршката на Украина

Соработката меѓу Република Северна Македонија и НАТО Алијансата, за актуелните регионални и безбедносни прашања, енергетските предизвици и безбедносните теми поврзани со стабилноста на регионот, биле теми на телефонскиот разговор на претседателот Стево Пендаровски со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Во однос на руската агресија врз Украина, претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, ја реафирмирал поддршката за Украина и украинскиот народ, посочувајќи дека Северна Македонија, како членка на НАТО, ќе продолжи да пружа воена, хуманитарна и дипломатска помош, со крајна цел прекин на воената агресија, одбрана на демократските вредности и воспоставување на мир.

Генералниот секретар Столтенберг се заблагодарил за поддршката што Република Северна Македонија ја дава на украинскиот народ во одбрана на нивната земја.

Двајцата соговорници се согласиле дека Алијансата треба да продолжи во своите напори за поддршка на Украина со цел стабилизирање на ситуацијата во целиот евроатлантски простор.

Read Previous

КСС: За да се заштеди струја, јавниот сектор да работи два часа помалку

Read Next

Песков: Нападот врз руската амбасада во Кабул е терористички чин