-Јас партија немам и според тоа партиски војници не можам да вработувам. Ова го изјавила градоначалничката Данела Арсовска, на вчерашната седница на Град Скопје.
Таа со ова сакала да демантира дека склучила партиски вработувања во администрацијата на главниот град, пренесува Локално.
-Само сакам ако може да се изолираме од овие глупости со партиски војници бидејќи тие соопштенија десет месеци ги слушаме, а ниедно лице не е формално вработено во градот Скопје. Така да јас партија немам и според тоа партиски војници не можам да вработувам. Доколку тоа било пракса порано тоа повеќе не продолжува. Ве молам ако може надминете се сите, истакна градоначалничката на седницата на Советот на град Скопје која се одржа вчера.