ноември 23, 2024

Петровска: На барање на Украина испративме воена опрема за одбрана од руската агресија

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска во гостување во летното издание на емисијата ClickPlus на ТВ21 рече дека на барање на Украина испратиле воена опрема за одбрана од руската агресија.

„Она што е многу важно да се каже кога зборуваме за Украина дека од првиот момент ја осудивме таа агресија која и се случи на Украина од проста причина затоа што сметаме дека таа е неоправдана и дека Украина со ништо не испровоцира било каков вид на таква агресија. Од тие причини Република Северна Македонија се приклучи кон санкциите, меѓутоа и на предлог на Министерството за одбрана од Владата беа одобрени три одлуки со кои дониравме различен вид на воена опрема и вооружување“, вели Петровска.

Таа смета дека институциите не криеле дека Северна Македонија ќе и испрати воена опрема на Украина и додаде дека опремата што државата и ја донирала е Украина да се одбрани од руската агресија.

Read Previous

Најпопуларното село на денешницата

Read Next

Напад на железничка станица во Украина, десетици загинати