Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија и Здружението на Украинци во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“ денеска ќе го одбележат Денот на независноста на Украина – 24 август.
Како што соопшти Украинската aмбасада, според програмата, предвидено е поставување светски рекорд за изведување на националната химна на Украина истовремено во 50 земји во светот и формирање на жив синџир во рамки на глобалната иницијатива „The free world gathering“.