ноември 23, 2024

Општина Могила ќе им доделува по 3000 денари на сите првачиња

Општина Могила на предлог на градоначалникот Драганчо Саботковски ќе им доделува финансиска помош од 3000 денари и пакет училишен прибор за секое прваче во општината.

„Овој проект, има за цел да им овозможи финансискa помош на сите семејства кои годинава имаат прваче, воедно ќе обезбедиме помош и прибор за сите деца чии родители се приматели на социјална помош и за сите деца со попреченост кои учат во основните училишта во нашата општина“, изјави градоначалникот Драганчо Саботковски.

Саботковски вели дека обезбедувањето поквалитетно образование за сите деца е еден од приоритети на општина Могила.

Read Previous

Црногорската влада цел на голем хакерски напад

Read Next

Претпладне сончево, попладне и вечер нестабилно со пороен дожд и грмежи