ноември 21, 2024

Курти и Вучиќ единствено се договорија повторно да се сретнат

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, изјави дека Косово и Србија не постигнале договор за прашањето околу регистарските таблички и српските лични документи. Наместо тоа, страните се согласиле да продолжат со дискусиите и во следните денови затоа што, како што рече, сè уште има време и Брисел не се откажува од инсистирањето Приштина и Белград да дојдат до компромис за овие прашања.

На крајот на јуни владата на Косово донесе одлука според која секое лице кое патува од Србија во Косово со документ за лична идентификација издаден од српските власти на граничните премини треба да потполни образец кој привремено ја заменува употребата на личната карта.

Владата на Косово донесе и одлука за овозможување регистрација на возилата со регистарски таблички РКС за сите возила со српски регистарски ознаки кои се однесуваат на градови во Косово, како и решение за преминување на границата.

Борел нагласи дека денешните средби во Брисел не биле вообичаени, туку биле средби за менаџирање со кризата. До дискусиите дојде три недели по тензиите во северно Косово кога Србите подигнаа барикади на 31 јули и 1 август за да се спротивстават на одлуката на Владата во Приштина за регистарските таблички и српските лични документи. Курти и Вучиќ со европско посредство денеска одржаа две средби, но не одржаа прес-конференција. Вучиќ најави обраќање за утре.

Read Previous

Генералниот секретар на ОН, Гутереш, во Одеса

Read Next

ТАЈМБАЛКАН одбележува 7 години постоење