Јавната обвинителка Вилма Русковска денеска во 12 часот ќе поднесе жалба за суспендирањето од работа, по направениот претрес во финансиската полиција.
Се очекува по поднесувањето на жалбата, Русковска да застане пред медиумите.
Ако дисциплинската комисија што треба да биде формирана ѝ изрече дисциплинска мерка парична казна или разрешување, Русковска во рок од седум дена може да се жали до Советот на јавните обвинители.