ноември 22, 2024

Повредени од несреќата со српски автобус во Бугарија ќе бидат префрлени до границата со Србија, возачот на автобусот останува во притвор

Повредени од несреќата со српски автобус во Бугарија на автопатот Тракија, денеска со две екипи на Центарот за итна медицинска помош од Стара Загора ќе бидат пренесени до граничниот премин Калотина. Тоа го соопшти бугарското Министерство за здравство.

Пациентите кои ќе бидат транспортирани се во подобрена општа состојба. Организирано е  тие да бидат преземени од српски медицински тимови по преминувањето на границата.

Во болницата во Стара Загорје останува еден возрасен, а се очекува за неколку дена да биде префрлен во Србија.

Во притвор останува возачот на автобусот што излета од патот.

Против него е поднесена кривична пријава за прекршување на правилата на патниот сообраќај и ненамерно предизвикување сообраќајна незгода додека возел автобус на 14 август на автопатот Тракија во околината на Стара Загора. Со ова возачот нанел телесна повреда на 12 деца на возраст од шест до 16 години и на 40-годишен маж, како и тешка телесна повреда   на 42-годишен маж, соопштија од судот во Стара Загора.

Read Previous

Фејсбук и Инстаграм отстранија сметки на влијателна американска антиваксерска организација

Read Next

Поради санкциите Русија стана трет по големина пазар за плаќања во јуани