July 12, 2025

Грчкиот остров Закинтос го погоди земјотрес

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета.

Претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција Ефтимиос Лекас за државната телевизија ЕРТ истакна дека „не постои причина за загриженост, бидејќи е во подводниот дел“, но и дека има простор и за многу поголеми земјотреси без да се создадат проблеми.

По големиот земјотрес следеа неколку помали меѓу 2,2 и 2,8 степени.






Prvaskopska

Read Previous

Мицкоски во Заливот на Коските на промоција на целосната санација на Музеј на вода

Read Next

Двајца осомничени за насилство врз градоначалничката на Скопје