Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар по посетата на повредените во несреќата во Бугарија изјави дека нема загинати, пренесе Бета.
„Ги посетивме сите деца и возрасни и разговаравме со нив. Едно дете беше оперирано, како и возачот кому му е ампутирана ногата“, изјави Лончар за Радио телевизија Србија.
Лончар, кој со колега од Бугарија ги посети повредените во болницата во градот Стара Загора, изјави дека разговарал со деца и возрасните и дека оперираното дете се чувствува добро.
„Едно дете има повреди на главата и ќе биде префрлено во Софија на понатамошно лекување, каде најверојатно детето ќе биде префрлено и оперирано“, нагласи Лончар.
Тој најави дека превозот на децата кои се добро ќе биде организиран.
Лончар им се заблагодари на сите што се вклучија во Бугарија за да бидат соодветно згрижени децата и возрасните од Србија по несреќата.