ноември 22, 2024

Петмина загинати, 60 повредени во експлозијата во трговскиот центар во Ереван

Бројот на жртвите од вчерашната експлозија во трговскиот центар во ерменскиот главен град Ереван во неделата достигна пет, откако спасувачите пронајдоа уште две тела во урнатините на една од зградите, соопшти ерменското Министерство за вонредни состојби.

Според последните податоци, во експлозијата се повредени 60 лица, а 17 лица се уште се водат како исчезнати.

Засега нема официјални информации за причините за експлозијата. Она што е познато е дека во текот на вчерашниот ден дошло до експлозија во трговскиот центар Сурмалу, по што објектот бил зафатен од силен пожар. Цел еден денл од комплексот е практично уништен.

Пламенот предизвикал и експлозија во магацин во кој се чувал пиротехнички материјал.

Противпожарните единици и екипи на спасувачките служби се уште се борат со пожарот.

Read Previous

На „Табановце“ се чека околу еден час, на „Богородица“ околу 30 минути

Read Next

Лончар во Бугарија: Едно дете оперирано, ампутирана ногата на возачот