ноември 24, 2024

Косовската Влада го одложи спроведувањето на мерките за еден месец

Владата на Косово го одложи за еден месец спроведувањето на мерките за реципроцитет со Србија во врска со личните карти и регистарските таблички.

Како што соопштија властите во Приштина, овие мерки ќе бидат одложени до 1 септември.

Според медиумите во Косово и Србија, Владата на премиерот Албин Курти го направила тоа на барање на САД.

Одложувањето на одлуката го поздравија високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и специјалниот представник Унијата за дијалогот меѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак.

Read Previous

Во Судан потврден прв случај на мајмунски сипаници

Read Next

Првиот брод со жито од Украина денеска заминува за Либан