мај 15, 2024

Риба со „човечки“ заби уловена на брегот на Мексико

Маж и жена риболовци од Литванија го посетиле Кабо Сан Лукас, Мексико, и биле изненадени од нивниот улов… Човекот, имено, уловил риба со нешто налик „човечки заби“, па фотографиите од неа ги споделија на Фејсбук, за да откријат за каква риба се работи.

„Кој знае какви риби има овде“, гласи едно прашање покрај видеоснимката.

Потоа имаше коментар дека тоа е „Sphoeroides annulatus“ – род отровни риби од фамилијата „Tetraodontidae“. Тие можат да се најдат, обично – во источниот дел на Тихиот Океан, од Калифорнија до Перу и Галапагос. Имаат јасни одлики и необичен изглед на предните заби. Нивното месо е отровно и не треба да се јаде.

Read Previous

СДСМ: Започнавме нова епата, преговори со ЕУ за македонски јазик и заштитен идентитет

Read Next

ВМРО-ДПМНЕ: Фирма блиска до СДСМ ќе го чисти одронот на патот Миладиновци-Штип