ноември 22, 2024

Во Њујорк воведена вонредна состојба поради мајмунски сипаници

Гувернерката на државата Њујорк, Кети Хочул синоќа прогласи вонредна состојба во државата поради ширење на мајмунски сипаници.

Таа додаде дека повеќе од еден од четири случаи на мајмунски сипаници во САД се регистрирани во Њујорк, што исто така има непропорционално влијание врз ризичните групи.

Заклучно со 29 јули, државата Њујорк имаше вкупно 1.383 потврдени случаи на мајмунски сипаници, според веб-страницата на Одделот за здравство на градот.

Бразил и Шпанија претходно ги пријавија првите смртни случаи предизвикани од мајмунски сипаници надвор од Африка, а Светската здравствена организација минатата недела прогласи глобална здравствена вонредна состојба поради избувнувањето на епидемијата на мајмунски сипаници.

Read Previous

Потпишан Меморандум за соработка со Министерството за семејство и социјална политика на Полска и размена на искуства

Read Next

Смарт финансиите најзначајна фискална реформа