ноември 22, 2024

Претпродолжението на „Предатор“ од 5 август на Хулу

Полни 35 години по првиот филм за чудовиштето-вонземјанин „Предатор“, суштеството се враќа на сцена во претстојниот филм „Плен“ (Prey).

Во режија на Ден Трахтенберг, „Плен“ е сместен во 1719 година кога „грабливецот“ се спушта на Големата Северна Рамнина во САД, подготвен за лов… Ова е последен филм на серијалот филмови којшто започна со остварувањето од 1987 година во режија на Џон Мектирнан и со Арнолд Шварценегер во главната улога.

– Технички гледано, тој филм им претходи на другите, но тоа не е приказна за тоа од каде доаѓа Предаторот…, рече Трахтенберг на лондонската премиера.

Трахтенберг ја постави приказната меѓу домородниот американски народ Команчи и речиси сите глумци во поставата се Домородни Американци. Улогите ги толкуваат Амбер Митхандер, Дејн Дилиегро, Џеронимо Вела, Стефани Матијас и други.

– Мислев дека е одлична работа да се истакнат Домородните Американци, особено Команчите, кои често се наоѓаат во улогата на негативци, а никогаш херои, рече режисерот.

„Плен“ од 5 август ќе се прикажува во САД, на стрим-платформата Хулу, а во Велика Британија на Дизни плус.

Read Previous

Борбите во Доњецк продолжуваат, руски воздушни напади врз украински региони кај Црното Море

Read Next

Одредени политичари во Бугарија користат руска пропаганда за манипулации, тврди американската амбасадорка во Софија