Сепаратистите поддржани од Москва соопштија дека ја презеле контролата врз најголемата украинска електрана на јаглен во близина на градот Свитлодарск во регионот Доњецк во источна Украина, додека Русија на 26 јули ги изврши воздушни напади врз јужните црноморски региони кај Одеса и Миколајев, погодувајќи приватни згради и пристанишна инфраструктура. Руските сепаратистички медиуми споделија фотографии на кои наводно се прикажани руски платеници од приватната воена групација Вагнер пред административната зграда на електраната, а британското воено разузнавање денеска потврди оти Вагнер најверојатно направила тактички напредок во регионот Донбас.