ноември 24, 2024

Собранието ќе одржи продолженија на 50-та и 57-та седница

Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе одржи продолженија на 50-та и на 57-та седница.

На дневниот ред на 50-та седница, според информациите од веб-страницата на Собранието, преостанати се неколку точки и тоа Предлог стратегијата за родова еднаквост 2021-2026, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за иновациска дејност, Предлог законот за лекови, Предлог законот за парничната постапка и Предлог на закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство.

По завршувањето на 50-та Собранието треба да продолжи со работа по 57-та седница на која треба да се разгледаат Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, по скратена постапка и Предлог на закон за дополнување на Законот за репродуктивен материјал од шумски видови дрвја.

Read Previous

Речиси цела Франција е подгодена од суша

Read Next

Во Јапонија егзекутиран маж кој уби седум луѓе во 2008 година