ноември 24, 2024

Речиси цела Франција е подгодена од суша

Речиси цела Франција е подгодена од суша и во 90 од 96 департмани е прогласен аларм од различен степен во врска со таа катастрофа. Владината агенција за следење на сушата Propulvia на своите карти ја покажува долината Лоара во западна Франција со црвено, но исто така со црвено се Дром и Вар во југоисточна Франција и Лео во југозападна Франција. Предупредување за суша е издадено и во Финистер во западна Франција, масивот Јура, француските Алпи и Восгес во источна Франција и поголемиот дел од Корзика во јужна Франција.

Во областите означени со црвено на картата дозволена е само корисење на вода за болници, за пожарникари, како и вода за пиење, капење и миење, но забранета е употреба на вода за земјоделски цели, а во области со пониска степенот на тревога употребата на вода за земјоделство е преполовена, а забрането е полевање на градини и терени за голф и миење автомобили. Оваа суша придонесува за појава на пожари.

Пред околу две недели во југозападна Франција избувнаа пожари кои опустошија 21.000 хектари шума, а 36.000 луѓе беа евакуирани. Пожарите сега се под контрола, но се уште се гаснат. Од 1 јули, резервоарите за вода во земјата беа полни 60 отсто, наспроти 72 отсто минатиот месец и повеќе од околу 80 отсто на истиот датум во изминатите 10 години.

Read Previous

Ратификациите на протоколите за членство на Шведска и Финска во НАТО пред собраниската Комисија за надворешна политика

Read Next

Собранието ќе одржи продолженија на 50-та и 57-та седница