ноември 24, 2024

Администрацијата на Бајден планира да засади над една милијарда дрва во САД

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден најави дека ќе засади повеќе од една милијарда дрвја на милиони хектари земја што се изгорени од пожари или уништени од лизгања на земјиштето во западниот дел на земјата.

Многу шуми природно се обновуваат по пожарите, но ако пламените јазици беа премногу интензивни, тие можат да остават зад себе разорен пејзаж со децении пред дрвјата повторно да се појават таму.

Американскиот Конгрес минатата година донесе закон со кој и наложува на Шумската служба да засади 1,2 милијарди дрвја во текот на следната деценија, а во април, Бајден ја задолжи истата агенција да ги направи шумите поотпорни во пожешкиот свет.

Во САД годинава во пожарите изгореа 5,6 милиони хектари шума.

Read Previous

Новите амбасадори ќе ги претстават платформите пред собраниската Комисија за надворешна политика

Read Next

Почина поранешниот премиер на Северна Ирска и нобеловец Дејвид Тримбл