ноември 24, 2024

Почина поранешниот премиер на Северна Ирска и нобеловец Дејвид Тримбл

Дејвид Тримбл, поранешниот премиер на Северна Ирска и добитник на Нобеловата награда за мир за неговата работа за помирување меѓу протестантите и католиците во Северна Ирска, почина синоќа на 78-годишна возраст, соопшти Унионистичката партија Алстер.

„Со голема тага семејството на Лорд Тримбл објави дека тој почина мирно по кратко боледување“, се вели во соопштението на семејството објавено од неговата унионистичка партија во Алстер. Тримбл, протестант, влезе во политиката во раните 1970-ти и помогна да се потпише мировниот пакт од Велики петок со католикот, покојниот Џон Хјум, со кого заедно  ја доби Нобеловата награда за мир.

Read Previous

Администрацијата на Бајден планира да засади над една милијарда дрва во САД

Read Next

Ратификациите на протоколите за членство на Шведска и Финска во НАТО пред собраниската Комисија за надворешна политика