ноември 22, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ знае дека ќе доживее дебакл, затоа не поддржува референдум

СДСМ знае дека ќе доживее дебакл, затоа не поддржува референдум, предавникот Ковачевски ја чува фотељата, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму порачуваат, ако СДСМ беа уверени дека договорот кој го постигнале и протоколот кој го потпишаче се толку добри, тогаш немаше да имаат проблем да излезат на референдум.

-СДСМ знаат дека договорот е лош и дека е на штета на македонскиот јазик, идентитет и историја, и затоа бегаат од референдум.

На СДСМ им е страв од народот. Кој масовно се обедими против бугаризацијата планирана од предавникот Ковачевски.

Предавникот Ковачевски се крие и зад пратениците на СДСМ и зад владага во целост, бега од референдум и само се бори да ја зачува позицијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Read Previous

Во престрелка во Лос Анџелес две лица загинаа, а уште пет се ранети

Read Next

СДСМ: Мицкоски ја потврди длабоката соработка со Апасиев во анти ЕУ коалиција