Две лица загинаа, а пет се ранети во пукање во парк во Лос Анџелес, каде во неделата се одржа изложба на рачно изработени автомобили, соопштија американските власти.
Во нападот во општината Сан Педро можеби учествувале повеќе од едно лице и сите индикации се дека започнал со расправија меѓу две групи луѓе, изјави капетанот на полицијата во Лос Анџелес, Кели Муниз.
Четворица ранети се хоспитализирани и се во критична состојба,пренесе Танјуг.