ноември 24, 2024

Расте бројот новозаразени и хоспитализирани лица со коронавирус во Австрија

Летниот бран на коронавирусот во Австрија не само што го зголемува бројот новозаразени, туку почна да ги погодува и болниците бидејќи бројот хоспитализирани пациенти со Ковид повторно го достигна нивото од крајот на јануари.

Според австриското Министерство за здравство, моментално во болниците има 1.235 пациенти со Ковид, од кои 77 се на одделенија за интензивна нега.

За само една недела бројот на заболени од Ковид, со тешка форма на болеста, на одделенијата за интензивна нега е зголемен за 57 отсто. 

Read Previous

Адмиралот на НАТО, Роб Бауер во официјална посета на Босна и Херцеговина

Read Next

Климатолог предупредува на глобално затоплување до три степени Целзиусови