ноември 23, 2024

Тренчевска: Новата методологија за плати до крајот на годината

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска изјави дека новата методологија за плати ќе биде готова до крајот на годината, а ќе почне да се применува од јануари следната година.

Во изјава за медиумите, Тренчевска денеска рече дека социјалниот дијалог е отворен и дека со новата методологија и со законот за плати ќе растат платите во јавниот сектор.

– Социјалниот дијалог е отворен. Се работи за системско, а не за ад-хок решение. Процесот го води Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања, заедно со министерот за финансии, а јас како министерка за труд вклучена сум во делот за синдикатите и правата на работниците, рече Тренчевска, додавајќи дека очекува да има и јавни дебати за предлог-методологијата.

Во однос на исплатата на регресот за годишен одмор, министерката посочи дека К-15 треба да биде исплатен до крајот на годината и дека секоја институција во рамки на својот буџет треба да направи релокација и исплата согласно гранскиот колективен договор со УПОЗ.

– Кога зборуваме за обезбедување на К-15 како обврска од Владата, односно на агенциите, министертвата и фондовите кои се во рамки на Владата, не станува збор за 138 илјади вработени, туку за околу 11 илјади државна адмнистрација, останатите се дел од јавните претпријатија и општинска администрација. Парите се во рамки на секое министерство, а правото на исплата на регрес за годишен одмор најчесто се исплатува до крајот на годината, така што секоја институција внатре во својот буџет ќе си направи релокација и ќе ги исплати потребните средства согласно гранскиот колективен договор со УПОЗ, изјави Тренчевска.

Read Previous

Кога стануваме полнолетни според науката?

Read Next

Протоколот со Бугарија потпишан, утре Меѓувладина конференција