ноември 23, 2024

Кога стануваме полнолетни според науката?

Сите знаеме дека законски стануваме полнолетни кога ќе наполниме 18 години. Тоа би требало да значи дека сме доволно зрели – физички (сексуално) и психички, да се осамостоиме, да се грижиме за себе и да одговараме за своите постапки, односно дека веќе сме станале возрасни.

Но, дали е тоа навистина така? Дали навистина некој кој има 20 години можеме да го наречеме возрасен човек?

Според едно ново истражување на медицинскиот факултет во Питсбург, треба да одбереме друг подобар термин, бидејќи полнолетството започнува на 25 години.

Беатрис Луна, психијатар на факултетот, смета дека адолесцентските желби за потрага по возбуда и нешто ново, се зголемуваат како што поединците го напуштаат својот дом и се осамостојуваат. Претходно се сметало дека таквите желби се појавуваат на 15 години, но ова истражување покажува дека тие ја надминуваат оваа возраст.

Клучно откритие е доказот за хиперактивност во еден дел од мозокот познат како стриатум, кој се стимулира со „награди“, а тоа продолжува до средината на 20-тите години. Луѓето веројатно преминуваат во полнолетство на 25 години, бидејќи типичните „одговорности на возрасните“, како на пр. стабилна работа, основање на семејство, плаќање хипотека и сл. ги намалуваат тие ефекти во мозокот.

Научниците се’ уште истражуваат до кога точно продолжуваат промените во мозокот, бидејќи е можно да траат и до 30-тите години.

Како и да е, самите барања на средината околу вас ќе ве примораат да „пораснете“, односно да станете одговорен возрасен човек. Ќе имате многу одговорности и обврски кои ќе му сигнализираат на мозокот да престане со одреден вид на „пластичност“ бидејќи навистина ќе ви биде потребна стабилност и сигурност. Па, можеби подолготрајното созревање и не е така лошо.

Read Previous

Милошоски: Владата е единствениот орган што може да ја одбие или прифати преговарачката рамка

Read Next

Тренчевска: Новата методологија за плати до крајот на годината