мај 2, 2024

„Кентаур“ брзо се шири: Нова подваријанта на корона ги загрижува виролозите

Виролозите изразија загриженост за појавата на уште една омикронска варијанта која забрзано се шири, а веќе пристигна во Велика Британија.

Варијантата БА.2.75 на корона вирусот, која ја нарекоа „Кентаур“, првпат беше откриена во Индија на почетокот на мај. Овде, случаите нагло се зголемија оттогаш, очигледно побрзо од оние на високо преносливата варијанта БА.5, која исто така е присутна во Индија и брзо ја заменува претходно доминантната варијанта БА.2 во многу земји.

БA.2.75 е откриен и во околу 10 други земји, вклучувајќи ги ОК, САД, Австралија, Германија и Канада.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести го означи новиот вид како „варијанта под надзор“ на 7 јули, што значи дека има некои индикации дека може да се пренесе побрзо или да биде поврзан со потешки форми на болеста, пишува Гардијан.

Покрај очигледниот брз пораст на бројот на заразени, виролозите се загрижени за бројот на дополнителни мутации што БA.2.75 ги содржи во споредба со претходниот вид БA.2 од кој најверојатно еволуирал.

– Ова може да значи дека тој имал можност да развие предност во однос на веќе успешната варијанта на вирусот – изјави д-р Стивен Грифин, вирусолог од Универзитетот во Лидс.

Европските агенции за здравство и медицина објавија препораки за т.н втората бустер доза, односно четвртата вакцина против корона вирусот, со акцент на ранливите групи и лицата постари од 60 години.

Read Previous

Според „Numbeo“: Тирана и Белград најскапи, Приштина најевтина во регионот

Read Next

Јан Коп: За Европа е добро Северна Македонија да биде членка на ЕУ