ноември 22, 2024

Дембеле уште две години верен на Барселона

Францускиот интернационалец Осман Дембеле стави крај на сагата за неговата иднина откако потпиша продолжување на договорот со каталонскиот гигант Барселона. Тој во Каталонија ќе остане и во следните две сезони, заклучно до 2024 година.  стави потпис на нов договор, кој ќе го задржи во Барселона до 2024 година.

Иако Французинот се поврзуваше со трансфер во Њукасл, Челси и Пари Сен Жермен, на крај сепак одлучи да остане во Шпанија. Тој пристигна во каталонскиот гигант пред пет години од Борусија Дортмунд за сума од неверојатни 140 милиони евра.

Во досегашните настапи во Ла лига, Дембеле има 19 погодоци и 27 асистенции.

Read Previous

Протоколот се работи на база на реципроцитет, вели Ковачевски

Read Next

Комисијата за заразни болести ќе одржи состанок в петок