ноември 26, 2024

Наследникот на Џонсон во партијата ќе се знае на 5 септември

Името на наследникот на Борис Џонсон на чело на владејачката британска Конзервативна партија треба да биде познато на 5 септември, соопшти синоќа парламентарната комисија одговорна за утврдување на правилата за гласање.

Одборот соопшти дека поднесувањето на кандидатурите ќе биде завршено денеска, а првиот круг на гласање, во кој ќе бидат елиминирани неколку од досега пријавените 11 кандидати, ќе се одржи в среда.

Џонсон, кој на 7 јули поднесе оставка од функцијата лидер на конзервативците, тогаш изјави дека ќе остане на чело на владата до изборот на нов лидер на партијата, кој автоматски ќе стане премиер.

Read Previous

Сончево со мала до умерена локална облачност

Read Next

Додека „францускиот предлог“ чека на собраниска расправа, Берлин со порака: Сакаме Северна Македонија да стане членка на ЕУ