ноември 22, 2024

Бројот Украинци што влегуваат во ЕУ на ниво од пред војната

Бројот Украинци кои влегуваат во земјите на ЕУ се врати на предвоеното ниво, т.е. уште пред почетокот на руската инвазија, а повеќе луѓе ќе се вратат со почетокот на новата учебна година, изјави европскиот комесар за внатрешни работи.

Повеќе од шест милиони луѓе ја напуштија Украина и побараа засолниште во земјите-членки на ЕУ по почетокот на руската инвазија во февруари, објави „Фронтекс“ на крајот на јуни. Од нив 3,1 милиони се вратиле назад.

„Во однос приливот на бегалци ситуацијата сега е стабилна. Бројот премини од Украина кон ЕУ е на предвоено ниво и на ниво пред пандемијата на Ковид-19, така што се вративме на нормалната, вообичаена бројка премини“, рече комесарката Илва Јохансон.

Според неа, речиси идентичен е бројот Украинци кои влегуваат во ЕУ и се враќаат во земјата.

Read Previous

Курти: Србија бесрамно го негира геноцидот во Сребреница

Read Next

Поевтинуваат дизелот, мазутот и бензинот „еуросупер 98“, цената на „еуросупер 95“ останува иста