мај 19, 2024

Курти: Србија бесрамно го негира геноцидот во Сребреница

Косовскиот премиер, Албин Курти вели дека она што се случи во Сребреница во 1995 година не е ништо помалку од геноцид, кој „бесрамно се негира од страна на Србија“, јави дописникот на МИА од Приштина.

По повод 27-та годишнина од геноцидот врз Муслиманите во босанскиот град, Курти на својата страница на Фејсбук напиша дека штетата која е предизвикана тогаш е непоправлива.

– Штетата предизвикана од геноцидот во Сребреница е многукратна. Таа ги надминува 8.273-те убиени мажи и момчиња. Ги надминува 30-те илјади злоставувани и насилно иселени деца и старци. Нансената штета се пренесува секоја година во болката на мајките.Во солзите на сестрите. Во преживеаните трауми. Неконтролираните страдања. Штетата предизвикана од геноцидот не може да се поправи. Но таа може да се потврди преку признавање. А во времето во кое живееме ние, на жртвите им се става сол на раната секој ден во кој геноцидот во Сребреница бесрамно се негира од страна на Србија, напиша Курти.

Според косовскиот премиер, „во времиња како овие, треба да се потсетиме дека првиот чекор кон повторување на геноцидот е негирањето“.

– Затоа треба да бидеме внимателни и гласни во нашите помени и нашите барања за признавање и понизност кон еден од најужасните геноциди во Европа по Втората светска војна, напиша Курти. 

Read Previous

Средношколците ќе се возат бесплатно и за време на летниот распуст

Read Next

Бројот Украинци што влегуваат во ЕУ на ниво од пред војната