Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска на јавен состанок ќе додели одобренија за петтата мобилна генерација 5Г.
На првиотсостанок на АЕК годинава покрај воведувањеето на 5Г теми за разговор се и роамингот во Западен Балкан и напорите за обезбедување поевтин роаминг со ЕУ, сајбер безбедноста како и за заштита на правата на крајните корисници на електронски комуникациски услуги.
На 25 ноември лани АЕК објави тендер за доделување одобренија за користење радиофрекфенции за петтата мобилна генерација 5Г, но беше прекинат по постапката на Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) откако беше поднесена претставка на една од заинтересираните страни, во која се тврди дека со дел од понудените услови за влез на нов мрежен оператор се нарушува конкуренцијата на пазарот.
Писма за искажување интерес на објавената намера за спроведување постапка на јавен тендер со јавно нададавање до АЕК доставија Неотел, А1 Македонија и Македонски Телеком.