ноември 22, 2024

Грковска во посета на Рим по повод антикорупциските политики и доброто управување

Заменичката на претседателот на Владата, Славица Грковска од денес е на дводневна работна посета во Рим.

Вицепремиерката Грковска ќе има средба со италијанскиот министер за јавна администрација Ренато Брунета.

Таа ќе се сретне и со претседателот на италијанската Национална антикорупциска комисија (АНАК), Џузепе Бузиа, а ќе одржи и работен состанок со Диего Сабатино, експерт за јавни набавки во Државниот совет на Италијанската република.

Вицепремиерката Грковска ќе го посети и Универзитетот Луис Гуидо Карли, а ќе има средба и со Роксана Албистеану, менаџер за јавна политика за Југоисточна Европа на компанијата „Амазон Веб сервиси“.

Read Previous

Горивата поевтинуваат!

Read Next

Дојче Веле: Запрен е протокот на руски гас преку гасоводот Северен тек 1