ноември 22, 2024

Министрите за европски прашања на Финска и Ирска денеска во Косово

Косовскиот вицепремиер задолжен за европски прашања, Бесник Бислими ќе се сретне денеска со две делегации од Финска и Ирска, соопшти службата за информирање на Владата на Косово.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, делегациите ги предводат финската министерка за европски прашања, Тити Тупураинен и ирскиот државен министер за европски прашања, Томас Бирн.

Во краткото соопштение од Владата во Приштина за претпладне е најавена е и прес-конференција на Бислими со министрите од Финска и Ирска.

Read Previous

Израел ќе учествува на воени вежби во Мароко

Read Next

Монографија на Стопанската комора на Северна Македонија по повод стогодишниот јубилеј