ноември 25, 2024

Израел ќе учествува на воени вежби во Мароко

Израелското Министерство за одбрана соопшти дека учеството на вежбата „Африкански лав 2022“ во Мароко е „дополнителен чекор во зајакнувањето на безбедносните односи меѓу земјите“.

Израелски воени набљудувачи ќе учествуваат на воена вежба во Мароко што ќе започне оваа недела. На маневрите ќе учествуваат и американски сили, се наведува во соопштението.

Тоа е првпат Израел да учествува на меѓународна воена вежба во Мароко.

Минатата година мароканската антитерористичка единица учествуваше на мултинационална вежба во Израел.

Мароко е четвртата арапска земја што се согласи да ги нормализира односите со Израел во 2020 година, откако тоа го сторија Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Судан.

Read Previous

Батакис именувана за нова министерка за економија на Аргентина

Read Next

Министрите за европски прашања на Финска и Ирска денеска во Косово