ноември 24, 2024

Од кабинетот на Макрон на Османи му рекле дека „северномакедонци“ било ненамерно

Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска оствари телефонски разговор со Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон, од каде доби уверување дека при употребата на придавката за граѓаните на Северна Македонија е направена ненамерна грешка, информира Министерството за надворешни работи.

Според МНР, при разговорот на Османи му е потврден официјалниот став на Франција за целосно почитување на официјалното име на државата, државјаните на Северна Македонија, како и соодветните придавки, на начин како што тие се дефинирани и прифатени во Обединетите нации, согласно Преспанскиот договор.

Реакцијата уследи по изјавата на францускиот претседател Макрон на прес-конференцијата по Самитот на ЕУ во Брисел минатата недела кога ја употреби придавката „Северномакедонци“.

– Машината е подготвена за да се одобри тоа што ќе биде одлучено. Ова е многу добар сигнал. Сакам да му честитам на бугарскиот премиер и опозициските сили кои се здружија околу ова гласање, но и да им се заблагодарам на „Северномакедонците“ за нивниот напредок, рече Макрон, поздравувајќи ја одлуката на бугарското Собрание за прифаќање на „францускиот предлог“ за деблокирање на евроинтегративниот пат на земјава

Read Previous

Седницата за интерпелацијата за Џафери поднесена од ВМРО-ДПМНЕ се очекува да се одржи в четврток

Read Next

Мистер Хепи Фејс – oфицијално најгрдото куче во САД