ноември 25, 2024

НАСА првпат лансираше комерцијална ракета вон САД

Американската Национална воздушно-вселенска администрација – НАСА првпат лансираше ракета од северна Австралија. Со тоа, агенцијата испиша историја, затоа што ова е првото лансирање нивна ракета од комерцијален космодром вон САД.

Суборбиталната ракета полета рано утринава по локално време и ќе овозможи да се спроведат астрофизички студии на јужната хемисфера. Ова е, исто така, прво лансирање ракета од австралиско тло по повеќе од 25 години. Лансирана е првата од трите ракети на НАСА од новиот вселенски центар Арнем, што се наоѓа на работ на австралиската Северна Територија, соопшти НАСА.

Научниците се надеваат дека мисијата ќе помогне во проучувањето на влијанието на ѕвездената светлина врз блиските планети. Лансирањето траело многу кратко, а ракетата долга 13 метри се спушти на Земјата по планираните 15 минути. Собраните податоци ќе помогнат да се проучат соѕвездија оддалечени 430 милиони светлосни години.

Тамошните власти истакнуваат дека лансирањето е „миг на извонредна гордост“ за Австралија и е направено со благослов на Абориџините во тоа подрачје.

Следното лансирање е закажано за 4 јули, а НАСА в ети дека притоа ќе го собере целиот материјал и отпад и ќе го врати во САД.

Read Previous

Осум предмети за кои се верува дека носат среќа

Read Next

Од полноќ поевтинуваат бензините и дизелот