ноември 24, 2024

Кој ќе потроши над 1050 киловати, ќе плаќа и до шест пати повисока сметка за струја, РКЕ го скрои тарифникот, цените ќе се знаат во среда

Регулаторна го скрои тарифникот, со кој ќе се мери потрошувачката на струја. Остануваат четири блока, но она што се забележува е значително зголемување на границите на блоковите.

Линијата во првиот блок  е до потрошени 210 киловат часови, границата во вториот пак  е до 630 киловати, на третиот до 1050, а сите оние кои ќе  потрошат над 150 киловати часови ќе влезат во четвртиот блок.

Колку плус ќе треба да платат граѓаните ако имаат поголема потрошувачка на струја ќе се знае во среда кога се очекува да се донесе и новата цена на струјата.

– Во текот на оваа недела, најверојатно в среда РКЕ ќе одржи подготвителна и главна седница на која ќе ги соопшти цените на блоковите и ниските тарифи, а до тогаш ќе ги оставиме познатите експерти во државата да лицитираат со цените, рече Бислимовски на подготвителната седница за реформата на тарифниот систем за електрична енергија (блок тарифи) што се одржа на ФЕИТ.

Она што сега се знае е дека сите што ќе потрошат над 1050 киловати ќе плаќаат  и до 6 пати повисоки сметки. Односно  ќе им се фактурира по пазаран цена.

Цената по која граѓаните ќе ја плаќаат струјата по 1 јули годинава ќе зависи од тоа колкаво покачување на цената ќе побара универзалниот снабдувач ЕВН хоум, откако ЕСМ, од чија понуда најмногу зависи цената, во петокот понуди цена од 48 e/MWh на тендерот за снабдување на универзалниот снабдувач со електрична енергија за потребите на регулираниот пазар, што е зголемување од седум евра во однос на минатогодишната цена од по 41 евро за мегават-час.

АД ЕСМ, во соопштение до медиумите, објави дека и годинава повторно ќе испорачаат 100 проценти за потребите на граѓаните и малите потрошувачи, иако законот им дава можност да испорачуваат енергија од само 60 проценти од потребите на ЕВН хоме. ЕСМ учествува со околу 32 проценти во цената за крајните потрошувачи.

МЕПСО и Електродистрибуција минатата недела веќе доставија барање до РКЕ за зголемување на нивниот дел во цената на електричната енергија за 60 до 80 отсто.

И покрај новиот тарифник, броилата нема да треба да се менуваат. Но, од РКЕ бараат од ЕВН навреме да ги чита односно на 30 дена.

Read Previous

Вархеји: Нема веќе пречки за Северна Македонија, Бугарија го прифати решението

Read Next

Препораки од Министерството за здравство за заштита на здравјето на населението од високите температури